По петмесечното примирје продолжени борбите на северот на Етиопија

Борби повторно се воделе во средата на северот на Етиопија, во областа крај границата со покраината Тиграј, меѓу тиграјските бунтовници и силите на сојузната влада кои меѓусебно се обвинуваат за прекин на петмесечното примирје/

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека е „запрепастен и тажен“ поради продолжувањето на судирот и повика на „решително на прекин на непријателствата и на обновување на мировните преговори“ меѓи владата и бунтовниците, додека САД се заземаа за „трајно и безусловно примирје“.

Африканската унија, чиешто седиште е токму во етиопската престолнина Адис Абеба и којашто со месеци се обидува да ги доведе судрените страни на преговарачката маса, повика на „деескалација“ и повторно ја истакна „својата определеност за соработка со страните поради пружање поддршка на договорниот политички процес во интерес на земјата“.

Во средата утрото бунтовничките власти во Тиграј ја обвинија етиопската сојузна влада дека води „офанзива од големи димензии“ врз нивните позиции.

Етиопските сојузни сили „започнаа офанзива утрово околу 5 часот, ги браниме нашите позиции“, изјавил за AFP портпаролот на тиграјските бунтовници Геташев Реда.

„Пранабрегнувајќи ги многуте мировни преговори на етиопската влада, тиграјските сили денеска почнаа напад во 5 часот и го прекинаа примирјето“, возврати владата во соопштение и ја повикува меѓународната заедница да изврши „притисок“ врз бунтовниците.

Споменатата област главно е отсечена од остатокот на земјата и не е можно независно да се проверат информациите коишто доаѓаат од двете страни, забележува AFP.

Станува збор за првиот поголем судир по примирјето постигнато кон крајот на март, коешто беше главно почитувано и овозможи постепено продолжување на примањето хуманитарна помош во оваа покраина на којашто и се заканува глад.