По подолго време Четкар со концерт во Скопје

На 28-ми октомври, петок, Владимир Четкар пое подолго време ќе се претстави пред скопската публика со свој концерт во клубот „Станица 26“.

Концертот ќе започне во 21:00 часот и ќе трае до 23:00 часот. Билетите во вредност од 600 МКД можат да се набават преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се.

По овој концерт Четкар заминува за Америка каде ќе ја одржи својата есенска турнеја низ некој од најпрестижните амерички џез клубови и културни институции како Нортон Музејот За Уметност во Вест Палм Бич, BOP STOP во Кливленд, Black Cat Jazz Club во Сан Франциско и така натаму.

Турнеата на Четкар во Америка ќе започне со концерт во Чикаго на 6-ти ноември во „Skadarliya“, потоа продолжува во Детроит во џез клубот „Aretha’s Jazz Café“ во тамошниот „Music Hall“, на 12-ти ноември ќе настапи во „BOP STOP“ во „The Music Settlement“ во Кливленд, на 19-то ноември ќе одржи концерт во Њујоршкиот музички клуб „Chelsea Table + Stage“, на 30-ти ноември ќе дебитира во Сан Франциско во „Black Cat Jazz Club“ а на 9-ти декември вторпат оваа година Четкар ќе оддржи концерт во Нортон Музејот на Уметност во Вест Палм Бич во Флорида.

На сите настапи во Америка Четкар ќе се претстави со своја авторска музика и свои аранжмани за септет во придружба на американски музичари.