По посетата на Груевски решени повеќе барања на штипјани

Жителите на штипската населба Железничка ќе добијат нов водовод, нова асфалтна мрежа и ќе се заврши  решавањето на проблемот со фекалната канализација, а се решија и повеќе други значајни проблеми за граѓаните. Најдено е решение за проблемот со превоз на ученици за што општината веќе има обезбедено средства.

gruevski-zahariev-vo-stip

Имено како горлив проблем граѓаните го истакнаа и превозот на 40. деца од оваа населба до централното основното училиште  за што градоначалникот Илчо Захариев информира дека претходниот директор на училиштето не распишал тендер со образложение дека не им следува превоз на децата, бидејќи имаат подрачно училиште кое е оддалечено помалку од еден километар.

Од оваа населба во централното училиште се запишани многу деца, тоа се повеќе од 2 километри и според закон им следува превоз. Општината обезбеди пари, сега новата директорка треба тоа да го реши, да распише тендер или со постоечкиот превозни анекс договор да направи и да ги вклучиме овие деца, рече градоначалникот пред лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

graganin-stip-640x356

Истовремено Груевски ги информираше заинтересираните граѓани за новата законска поволност која се овозможи за граѓаните кои сакаат да направат надоградба, и тоа да биде по скратена процедура без да се чекаат измените на деталниот урбанистички план со што ќе може веднаш да почнат со надградба.

Со новиот закон  можете да направите висина до 10,2 метра. Треба само да извадите градежна дозвола. Треба проект да направите, со проектот да аплицирате во општината. Општината е должна да ви потпише одобрение. Тој закон е од пред 10 дена, а порано требаше да се смени ДУП, порано беше најмалку 6 месеци додека да дојдеш на ред, сега не треба ДУП да се менува, само проект и градежна дозвола, им рече Груевски вчера на заинтересираните граѓани.

gruevski-gragani-stip-640x405

Граѓаните од Штип се  интересираа и за легализирање на дивоградбите. Претседателот на владејачката партија ги повика граѓаните кои беа заинтересирани да ја искористат законската можност и да поднесат барање за легализација на дивоградбите за само по едно евро за м2 користејќи го рокот кој трае до крајот на март.

Тие што од било која причина не поднеле документи за легализација, крајот на март е последниот рок за легализација на дивоизградени објекти. Потоа има време елаборатите да се достават уште една година. Но, барање за легализација е до крајот на март. Кажете им на сите кои пропуштиле во 2009-та година кога почна легализацијата, од пред 2-3 месеци со закон го продолживме рокот и тој е до 30-ти март. Потоа нема веќе, после да не се буни некој дека не бил тука или заборавил, рече Груевски.

Постоеше интерес кај граѓаните и за проектот на Владата „Купи куќа за млади“, при што градоначалникот Захариев посочи дека Штип ќе обезбеди околу 1000 атрактивни локации.

Груевски изврши увид во градежните работи на локалниот пат Врсаково-Долно Трогерци во должина од пет километри, што се реализира со 17,5 милиони денари од Владата на Република Македонија и девет милиони од општина Штип.

Изградбата на патот дојде на предлог на земјоделците и локалните жители.

gruevski-saklev-640x430

Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев посочи дека освен за населението што живее тој е клучен за пристапност на земјоделците до своите посеви.

Ако има мал број на жители, со  механизацијата ќе ни се заштитат. Земјоделците побрзо ќе стигнат до своите ниви, амортизацијата ќе биде многу мала и нивите во секое време ќе ни бидат пристапни. Има можност заинтересирани млади луѓе кои сакаат да се вратат назад. Имаме идеални услови за сточарство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.