По пожарот кај Еврос во Грција, пронајдени 18 изгорени тела на мигранти

Најдени се 18 јагленосани тела на грчкиот остров Еврос. Пожарникарите кои ги открија телата во близина на селото Дадиа, североисточно од Александрополис, велат дека тие се на илегални мигранти кои неодамна ја преминале границата со Турција. Портпаролот на противпожарната служба Јанис Артопио го тврди истото.

Според него, нема пријави за исчезнати лица и затоа се смета дека се мигранти.  Не е позната националноста на жртвите.

Областа Дадиа, која се наоѓа во национален парк, е позната како омилена рута на илегалните имигранти.

Регионот Еврос гори веќе четири дена. Главната болница во Александрополис е евакуирана рано изутринава, откако шумските пожари го зафатија крајбрежниот град во близина на границата со Турција.

Чадот од пожарите кои изминатите денови ги зафатија Александрополис, Беотија и Евија стигна до многу делови на државата. Чадот стигна и до Јонските острови. На социјалните мрежи кружат драматични слики од Итака, Кефалонија и Лефкада.

Грција ова лето се бори со големи шумски пожари.