По претрес во Кичево пронајдена дрога – приведено едно лица

На 28.11.2023 во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишиле од слобода Л.Ј.(28) од Кичево.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и други предмети.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.