По промената на условите за користење WhatsApp изгубил милиони корисници

Поради многу лошо објаснетиот процес на ажурирање на условите за користење, милиони корисници на апликацијата WhatsApp ја напуштиле оваа платформа и преминале на алтернативите како Signal и Telegram.

Аналитичарите проценуваат дека напуштањето на платформата било толку масовно што во WhatsApp биле принудени да ја одложат примената на новите услови првично закажана за 8-ми февруари за 15-ти мај, пренесува The Guardian.

Замислата била да се покрене кампања со цел да се ограничат штетите за на корисниците да им се појасни карактерот на измените.

Во првите три седмици од јануари, платформата за размени на пораки Signal шурим светот стекнала 7,5 милиони нови корисници, а Telegram добил 25 милиони корисници, додека WhatsApp на 12-ти јануари паднал од 8-то на 23-то место на најмногу презематани апликации во Велика Британија.

Наспроти тоа, според податоци кои ги следи аналитичката компанија „App Annie“, платформата Signal на 6-ти јануари не била ниту меѓу првите 1.000 напреземани апликации во Велика Британија, но до 9-ти јануари станаа најпреземената апликација во земјтата.

Ниами Свини, директорката за јавни политики на WhatsApp за Европа, Блискиот исток и Африка, на одборот за внатрешни работи му изјавила дека верува дека егзодусот е поврзан со ажурирањето на условите на услугите на компанијата. Појаснила дека ажурирањето би требало да овозможи две работи: нова група карактеристики поврзани со деловните пораки и да пружи поголема транспарентност кога станува збор за постојните политики на приватноста.

„Би сакале да разјасниме дека ажурирањето на ниеден начин нема да влијае врз приватноста на размената на пораката со пријателите и членовите на семејствата“, известиле од компанијата „WhatsApp“.