По промената на власта во Боливија, на Куба се враќаат 226 лекари

107

Авион со 226 кубански лекари полетал во саботата од Боливија за Куба, по одлуката на властите во Хавана, која не е наклонета на проамериканската привремена боливиска влада, а на нејзино барање.

„Во авионот на компанијата ‘Cubana de Aviacion’ кој полетa од аеродромот Санта Круз се наоѓаа 226 кубански лекари“, изјавил за локалните медиуми полковникот Роландо Миљарес, шеф на Интерпол за подрачјето на Боливија.

Тие се дел од 725 кубански државјани кои извршуваат задачи во разни сектори, кои Куба одлучи да ги вратио на барање на новите привремени боливиски власти.

Хавана во петокот предупреди на апссењето на шестемина Кубанци во Боливија, обвинети за наводно финансирање на протестите против новата привремена влада на Жанин Ањез. Овие шест државјани се членови на кубанската медицинска бригада, која ја ангажираше боливиската влада.

Првата одлука во надворешната политика на 52-годишната Ањез, која доаѓа од опозициската десница, беше да го признае челникот на венецулеската опозиција Хуна Гуаидо, кој како и самата таа се самопрогласи за привремен претседател на Венецуела, кој го признаваат САД и нивните западни сојузници. Тоа претставува остра промена во односот на левичарот Ево Моралес и социјалистичкиот претседател Николас Мадуро.

Куба и Венецуела досега беа главните регионални сојузници на Ево Моралес, кој поднесе оставка откако од него тоа го бараше армијата и побара политички азил во Мексико, по нападите врз неговите приврзаници во кои имаше и убиени.

Испраќањето на кубански лекари во странство е долгогодишна традиција на Хавана, но и еден од нејзините главни извори на приходи, пред туризмот и парите кои Кубанците им ги испраќаат на своите семејства од странство. Кон крајот на 2018 година повеќе од 34.000 кубански лекари и друг медицински персонал работеле во 66 земји во светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.