По протерувањето од САД, чувар на нацистички логор стаса во Германија

Сега 95-годишниот Фридрих Карл Бергер, поранешен чувар во нацистички концентрационен логор кој повеќе од 60 години живеел во САД, по протерувањето во саботата е вратен во Германија, соопштија властите.

По слетувањето на аеродромот во Франкфурт, тој е однесен на сослушување во станица на локалната полиција. Германските медиуми известуваат дека тој не е официјално уапсен.

Претходно американското министерство за праводсудство извести дека станува збор за Фридрих Карл Бергер, а германските власти вообичаено во официјалните објави го идентификуваат без презимето, само како Фридрих Карл Б.

Американски суд минатата 2020 година пресуди дека Бергер ѕреба да биде протеран од САД, откако обвинителството во градот Целе во северна Германија отвори истрага за тоа дали тој во 1945 година учествувал во убиствата на затворениците ва придружниот концентрационен логот кој бил дел од мрежата логори Нојенгеме во близна на Хамбург.

Германското обвинителство тврди дека Бергер, кој од 1959 година живее во САД, призла дека неколку седмици ги чувал затворениците во областа Мепен во близина на границата со Холандија, но дека не сакал да сведочи за никави убиства, ниту злоставување на затворениците.

Ланскиот декември Германија ја запре постапката покрената протви него, отккако обвинителството не успеа да ја оспори вистинитоста на неговите тврдења.

Портпаролот на обвинителството во Целе изјави деак полицијата во сојузната германска покраина Хесен била замолена да го сослуша по неговото враќање во Германија, но портапролот на полицијата рекол дека Бергер не е поврзуван со конкретна истага, како и дека тоје е слободно лице, па затоа и не е приведен.

Последните години германските обвинители подигнаа повеќе обвиненија против неколку поранешни нацисти, користејќи ги последните биолошки шанси да спроведат задоволување на правдата за милионите настрадани во концентрационите логори. Претходно во фефраури бепе обвинет стогодишен Германец дека помагал во убиствата на 3.518 луѓе извршени додека наводно бил стражар во концентрациониот логор Шафхаусен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.