По првата доза од вакцината 62 отсто помалку заразени во домовите за стари во Англија

Само една доза од вакцината против коронавирусот им пружила на корисниците на домовите за стари лица „значителна заштита“, според истражувањето кое го објавија британските научници од University College London.

Според студијата, една доза од вакцините на „AstraZeneca/Oxford“ или „Pfizer/BioNTech“ спречила 56 отсто зарази по четири седмици и 62 отсто зарази пет седмици од вакцинирањето.

Научниците, исто така, пронашле „силни докази“ коишто наводно покажуваат дека заразноста на вирусот е помала откако луѓето се вакцинирани. Анализираните примероци покажале дека позитивните тестови на коронавирусот, 28 дена по првата доза од вакцината, содржеле помалку вирусен материјал.

Кај лицата кои порано се заразиле со вирусот утврдено е дена немало значителна разлика во смисла на нивото на заштитата по примањето на вакцината.

Меѓутоа, научниците забележуваат дека само 11 отсто од учесниците во истражувањето кои ја примиле вакцината претходно биле заразени со вирусот, па им е потребно дополнително истражување за во нивниот случај точно се утврди ефикасноста на вакцината.

Лора Шелкрос, лекарка од Институтот за здравствена информатика при University College London, која го водела ова истражување, вели дека тоа било спроведувано кога најзаразниот сој на вирусот – ткн британскиот сој, веќе бил доминантен во примероците собрани во домовите за стари лица. Оттаму, таа заклучува дека вакцините се ефикасни и против оваа варијанта на вирусот.