По ревизијата Перу има најмногу починати од Covid-19 по жител на светот

Family members carry the coffin of a man who died of the coronavirus disease (COVID-19) at a cemetery, in Lima, Peru January 27, 2021. REUTERS/Angela Ponce

Перу во понеделникот вечерта ги претстави новите ревидирани податоци за епидемијата на коронавирусот во земјата, коригирајќи го бројот на починатите од Covid-19 од 69.000 на дури 180.000, со што стана земја со најмногу смртни случаи по глава на жител во светот во пандемијата.

Премиерката Виолета Бермудез изјави дека според изештајот на научниот совет основан во април годинава, бројот на починатите од Covid-19 во земјата којашто има 33 милионско население изнесува 180.764, додека според претходните бројки во пандемијата починале 69.342 Перуанци.

„Од денеска ќе имаме поголеми бројки кои ќе донесат поголема полза во управувањето со пандемијата“, изјави Бермудез на прес-конференција.

Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, со новите бројки Перу станува најпогодената земја во светот според бројот на смртните жители по глава на жител, пренесува Reuters.

Досега оваа трагична „титула“ ја имаше Унгарија во која починале околу 300 лица на 100.000 жители, додека во Перу сега овој показател е поголем од 500 смртни исходи на 100.000 жители.

Перуанскиот научен совет предложил промена на критериумите за регистрирање на починатите откако проценил дека „досегашната методологија е нецелосна и доведува до пониски процени на бројот починати од Covid-19“.

Отсега меѓу починатите од Covid-19 ќе се вбројуваат оние кои исполнуваат седум критериуми, вклучително и докажана инфекција со коронавирусот, но и „можни случаи на епидемиолошки врски со потврдени случаи“.

Ќе се земаат предвид и „сомнителните случаи на Covid-19“ кои претставуваат „клинички компатибилна рамка со болеста“.

Советот е составен од стручњаци од јавните установи, периуанските приватни институции и експерти на Светската здравствена организација (СЗО – WHO).