По Робен, летово од Баерн си заминува и Рибери

Францускиот напаѓач Франк Рибери ќе го следи примерот на својот соиграч од минхенски Баерн, Холанѓанецот Арјен Робен и на крајот од оваа сезонава ќе го напушти германскиот фудбалски гигант во кој заедно освоија речиси сѐ што може да се освои.

„Кога дојдов во Баерн ми се остварија сништата. Нема да биде лесно да се каже збогум, но никогш не смееме да зборавиме што сѐ заедно постигнавме. Многу освоивме, повеќе од 20 трофеи“, изјави Рибери во објавата на официјалниот портал на Баерн во која е соопштено дека 36-годишниот поранешен француски репрезентативец нема да потпише нов договор со Баварсице откако на 30-ти јуни ќе му истече актуелниот договор со што ќе стави точка на 12-те години минати во Минхен.

Рибери со Баерн освои осум, а на пат е и кон деветтата или седма последователна титула првак на Германија. Беше и пет пати победник на германскиот Куп, во 2013 година ја освои Лигата на шампионите, кога Баерн беше и победник на Суперкупот на УЕФА и светски клупски шампион

Тандемот под прекарот „Робери“ на достоинствен начин ќе се прости од навивачите и од дресот на Баерн на специјалниот меч посветен на двајцата, кој ќе биде одржан во текот на следната година.

„Франк и Арјен се големи играчи. Баерн многу им должи и ќе им приредиме испраќање какво што заслужуваат. Тие се творци на најуспешната деценија на Баерн, и притоа играа фантастичен фудбал“, изјави претседателот на Баерн, прославениот Карл-Хајнц Румениге.