По САД, и Русија ја призна Анез за привремена претседателка на Боливија

Откако САД во средата ноќта по средноевропско време ја признаа Жанин Анез за привремена претседателка на Боливија, откако досегашниот претседател Ево Моралес поднесе оставка иако тврди дека и натаму тој е шеф на државата бидејќи парламентот сѐ уште не ја прифатил, во четвртокот и Русија го стори истиот потег, образложувајќи го со тоа дека таа ја заземала оваа позиција во согласност со законските прописи но и истакнувајќи дека сето тоа се одвива во атмосфера на државен преврат.

„САД ја поздравуваат одлуката на боливистка сенаторка Жанин Анез да ја преземе привремено претседателската должност за да го води народот во текот на оваа демократска транзиција. Со нетрпение очекуваме соработка со Организацијата на американските држави (OAS), уставните институции на Боливија и со боливискиот народ додека тие се подготвуваат за одржување слободни, праведни и што поскори избори. Ги повикуваме сите страни да ја заштитат демократијата следните седмици и да се воздржат од насилства над сонародниците и нивната сопственост“, порача во своето соопштение американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Досега непознатата 52-годишна Анез, втора заменичка на претседателот на горниот дом на боливискиот парламент кој исто така поднесе оставка, како претставничка на опозициската десница во вторникот се самопрогласи за привремена претседателка, иако двата дома на парламентот не можеа да ги одржат двете идни седници а во кои мнозинство има партијата Движење кон социјализам на Ево Моралес.

Анез вети избори „што е поскоро можно“, пред 22-ри јануари 2020 година, а во средата заполна со именување на единаесет министри во владата која ќе ја води. Нејзиното именување го поддржа и боливискиот Уставен суд.

Во четвртокот заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, соопшти дека Москва ја признава Анез за привремен претседател на Боливија, бидејќи таа ја преземала позицијата според законсктие одредби. Истовремено истакна дека сѐ што му претходело на тоа е соодветно за изведување државен удар. Покрај тоа, Русија е вознемирана од немањето кворум во парламентот кој гласа за нејзината кандидатура.

„Можеме да видиме одреден момент, кој треба да се земе предвид, но јасно да се согледа дека таа ќе биде прифатена како лидер на Боливија во периодот додека не се реши прашањето за новиот претседател преку избори“, додаде Рјабков.

Рускиот дипломат истакна дека она што се случува во Боливија е внатрешна работа на земјата. Сличен став претходно изрази и Кремљ. Рјабков, исто така, апелираше и другите земји „да не се обидуваат да профитираат“ од кризата во оваа латиноамериканска земја.

Моралес, кој е во егзил во Мексико, исто така, самопрогласувањето на Анез го оцени како „државен удар“, како и целата претходно настаната ситуација со протестите откако тој прогласи победа по првиот круг од изборите на 20-ти октомври. Моралес објави дека и натаму е претседател, бидејќи парламентот не ја прифати неговата одлука.

„Парламентот треба да ја отфрли или прифати мојата оставка… Таканареченото самопрогласување на Анез е неуставно. Именувањето на оваа жена потврдува дека станува збор за пуч“, изјавил Моралес за весникот El Pais, додавајќи дека тој е службено на функцијата „сѐ додека парламентот не одлучи“ по неговата оставка.

Досегашниот боливиски претседател го осуди „американското признавање“ на Анез, а на Twitter објави за „политички и економски заговор кој доаѓа од САД“. Напиша и дека на пратениците на неговата партија, која сѐ уште го има мнозинството во парламентот, им е забрането влагување во институцијата.

Анез, која е правник и адвокат по образование, во 1990-те години работеше како директорка на телевизијата Totalvision, по што стана член на Уставотворното собрание и член на комисијата за создавање на уставната повелба на земјата. Во политиката Анез влегува во 2010 година, кога е избрана во Сенатот од партијата План за развој на Боливија и национална конвергенција, а во 2019-та стана втор потпретседател.