По седум кола пораз на Ајнтрахт, победа на Лајпциг

Лука Јовиќ, Ајнтрахт Франкфурт

Во средбите од 13-то коло на германското фудбалско првенство Волфсбург направи мало изненадување и на гостувањето го победи со 2:1 Ајнтрехт во Франкфурт, додека РБ Лајпциг дома беше сигурен со 2:0 против Борусија Менхенгладбах за мали поместувања во врвот на Биндеслигата.

Волфсбург поведе со 2:0 со головите на Адмир Мехмеди во 31 и Даниел Гинжек во 68 минита, а во 87 минута намали Лука Јовиќ со својот десетти гол сезонава. Со новите три бода Волфбург собра вкупно 18 и моментално се позиционираше на осмото место во Бундеслигата.

Во вториот неделен дуел фудбалерите на РБ Лајпциг го решија во првото полувреме кога Тимо Вернер погоди веќе во третата минута, а потоа и во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме ја затресе мрежата на Борусија Менхенгладбах.

Колото во понеделник го затвораат Нирбнерг и Баер Леверкузен.

И покрај поразот на табелата водат двете Борусии, со тоа што онаа од Дортмунд има 33 бодови, додека истоимениот тим од Менхенгладбах заостанува сега седум бодов. РБ Лајпциг сега е трет со 25 бодови, додека минхенски Баерн е четврти со 24 бодови, а Ајнтрахт падна на петтото место со 23 бодови.