По шест месеци во вселената кинеските астронаути се вратија на Земјата

Тројца кинески астронаути од мисијата Шенжу-13 денеска се вратија на Земјата по шест месеци поминати во кинеската вселенска станица и тоа е најдолгиот престој на кинеска екипа во вселената, јави државната телевизијата ЦЦТВ.

Ова е уште една успешна етапа за Кина во нејзините амбициозни вселенски проекти бидејќи сака да биде во чекор со САД, Европа и Русија, пренесе Бета.

Со 183 дена престој во вселената, астронаутите го соборија претходниот национален рекорд. Во 2021 година, тие поминаа 92 дена во вселената за време на мисијата Шенжу-12.

Екипажот се состоеше од тројца воени пилоти: командант Џаи Џанг (55), неговата колешка Ванг Јапинг (42) и најмладиот Џе Гуангфу (41), на кого ова му беше прв лет во вселената.

Анализата на здравствената состојба на астронаутите од Шенжу-13 ќе и овозможи на Кина да дознае повеќе за влијанието на продолженото отсуство на гравитација врз човечкото тело.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.