По слабиот резултат, врие во СДСМ, се бара виновникот за изборниот дебакл

Врие како во кошница ов редовите на СДСМ по дебаклот во првиот круг од претседателските избори, велат извори од партијата.

За само 2 години се стопија повеќе од 100.000 гласа, односно загуба од околу 40 отсто од гласовите. Во неделата, по завршувањето на гласањето, ноќта во партијата била долга, брофираат оттаму, а најголемо изненадување бил дебаклот на СДСМ во Скопје. Иако биле вложени ресурси токму за Скопје, и СДСМ има целосна контрола на општините, како и фактот дека Пендаровски бил изборот бидејќи социјал-демократите очекувале огромна поддршка за него токму од глвниот град, ВМРО ДПМНЕ направи директен пробив извлекувајќи највеќе гласови токму во Скопје.

Дел од структурите на СДСМ, ваквиот слаб резултат го темелеле на пасивноста на градоначалниците и нивниот негативен рејтинг, кој е последица на немањето на резултати. Прв на удар бил скопскиот градоначалник Петре Шилегов и неговата екипа на директори јавните претпријатија. Нашите извори велат дека не помалку бил критикуван и самиот Пендаровски, за кој било оценето дека со неговите несмасни потези и навреди во кампањата делувал арогантно за гласачите. Исто така, критикувани биле и луѓето од градската организација на СДСМ, кои ја потцениле младата екипа на вмровски претседатели на скопските комитети и кои перфектно си ја завршиле работата на терен.

Но, најголемата вина за општиот слаб резултат низ целата држава бил префрлен на шефот на изборниот штаб, Кирацовски, за кој било оценето дека со бројните скандали кои се врзуваат за неговото име нанел голема штета на процесот. Дел од членовите на СДСМ се погласно прстот го вперуваат и во Заев, кој реално нема победа на парламентарни избори и единствената победа му се локалните избори, лани, чиј капитал денес го нема. Според внатрепартиските анализи, најголема штета прави неговото приватизирање на партијата и аферите кои се врзуваат за Заеви, односно дека семејството на првиот човек на СДСМ навлегува во сите бизниси во државата.

„Едноставно премногу е натоварен со криминал“, биле делот од коментарите на одредени структури во СДСМ, велат партиски извори.