По смртоносниот истрел на снимањето Алек Болдвин се спогоди со семејството на жртвата

Американскиот актер 64-годишниот Алекс Болдвин објави во средата дека се договорил со семејството на директорката на фотографијата Халина Хатчисн која ја уби во октомври 2021 година манипулирајќи со револвер на снимањето на вестернот„Rust“ што го потресе Холивуд.

Тужбата, поднесена во февруари во Санта Фе, против Болдвин, продуцентската куќа на филмот и другите клучни членови на екипажот, наведува дека има бројни прекршувања на индустриските стандарди за време на снимањето.

Метју Хачинс, вдовецот на Халина Хачинс, која беше убиена на снимањето, ќе биде извршен продуцент на филмот и ќе добие дел од профитот, се додава во соопштението.

„Постигнавме спогодба, која е предмет на судско одобрување. Како дел од таа спогодба, нашиот случај ќе биде отфрлен. Rust, кој сега ќе го продуцирам, ќе продолжи со снимањето со сите оригинални главни актери во јануари 2023 година. Сите веруваме дека смртта на Халина е страшна несреќа. Благодарен сум што продуцентите и забавната заедница се собраа да одадат почест на последното дело на Халина“, рекол Хачинс во изјавата.

Режисерот на филмот, Џоел Соуза, кој исто така беше повреден во пукањето, треба да се врати во филмот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.