По смртта на подофицерка, началникот на јужнокорејската авијација поднесе оставка

Последиците од наводен случај на сексуално возенмирување на подофицерка од страна на нејзин колега, го тресат јужнокорејското воено воздухопловство.

Началникот на јужнокорејската воена авијација, Ли Сеонг Јонг, во петокот ја понуди својата оставка, наведувајќи во соопштението дека се чувствува одговорен за околностите во случајот.

Претседателот Мун Џае-Ин ја прифатил отставката, дознаваат јужнокорејските медиум од извори во претседателскиот кабинат. Мун притоа повикал на детална истрага на целиот случај.

Подофицерката во мај била најдена мртва, а иследниците се сомневаат дека извршила самоубиство. Семејството ги обвинува нејзините надредени за обид да го забошотат случајот.

Минатата среда, воениот суд издаде потерница за апсење на офицер на воздухопловните сил кој наводно ја злоставувал подофицерката во нејзиниот автомобил на пат до заедничката база во градот Сеосан на западот на земјата. Случајот веќе дотогаш беше стар три месеца.

Жената, која го имала чинот водник, го пријавила инцидентот но нејзините надредени ја наговориле со обвинетиот да постигне договор, се наведува во написите на јужнокорејските медиуми.

Покрај тоа, целосно за случајот не било информирано и министерството за одбрана.
Во четвртокот две лица кои биле надредени офицери се отстрането од должностите, извести службената новинска агенција Yonhap. Тие ќе бидат испитувани поради пренабрегување на должностите и обид за принуда.