По студеното утро следува сончев ден со умерена облачност на северот

Времето во Македонија во саботата по студеното утрото, преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност претежно во северните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Температурите во планинските региони се спуштија во минус, а максималните дневни ќе се искачат во интервалот од 15 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеслка ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура падна околу нулата, а дневната ќе се искачи до 23 Целзиусови степени.

И во неделата утрото ќе биде студено, а дневната температура ќе биде во пораст, кој ќе биде позначителен во почетокот на следната седмица.

Од почетокот на следната седмица ќе биде ветровито со умерен до повремено засилен јужен ветер.

Во понеделник со зголемување на облачноста, во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, а во вторник ќе биде и нестабилно со повремено пороен дожд и појава на грмежи и засилен ветер.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.