По „Трето полувреме“ и „Цар Самоил“ ги проблематизира македонско – бугарските односи

Внимателно ќе следиме каков ќе биде односот на македонските власти кон филмот, но, можам да кажам дека обид за негово широко популаризирање нема да допринесат за реализација на ветените напори за развој на билатералните односи и најверојатно би ги отежнале преговорите за договор за добрососедство меѓу двете земји, вели бугарскиот министер за надворешни работи, Кристијан Винеген замолен за реакција на бугарското МНР за „посегањето по бугарската историја“ како што во медиумите во Бугарија е оценет најавениот игран филм „Цар Самоил“ на режисерот Антонио Митриќески.

„Очекува владата на Република Македонија да се однесува во согласност со резолуцијата на Европскиот парламент од шестти февруари 2014 година за напредок на патот кон членството во Европската Унија, каде се вели, дека ЕП одново ја изразува својата загриженост во однос на користењето на историските аргументи во актуелната дебата со соседните земји и повторно повикува на постигнување позитивен напредок во однос на заедничкото чествување на историски настани и личности од општ интерес со соседните држави кои се членки на ЕУ, со цел да се допринесе за подобро разбирање на историјата и добрососедските односи“, посочил Вигенин.

Винегин истакнува дека Бугарија годинава ќе одбележува 1.000 години од смртта за што е планиран буџет од 295 илјади евра.

„Годишнината ќе биде одбележана со 18 настани во текот на годината меѓу кои меѓународна конференција, изложби, концерт, издавање јубилејни книги. Министерството за надворешни работи официјално ги информира со нота македонската и грчката страна за предвидените настани“, вели шефот на бугарската дипломатија.

Најавата за снимање филм за славниот македонски цар за новинската агенција „Фокус“ ја коментира и поранешниот пратеник на „Атака“, Станислав Станилов кој вели дека најавеното филмско остварување е „со цел да се направи уште еден напад врз бугарската историја“.

„Според информациите, кои самите создавачи на филмот ги шират, сижето почнува со востанието на Самоил против бугарската држава и завршува со тврдењето на Самоил дека се гордее што ја уништил Бугарија. Не можеме да го одминеме и прашањето кој го финансира филмот, кој што ја извртува историјата и создава впечаток на антибугарска основа. Официјални јавни документи на владата во Скопје покажуваат дека единствените средства за филмот се од македонската држава“, вели Станилов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.