По третпат нападнат сопственикот на менувачница во Кисела Вода кој застрела двајца крадци

Во скопската населба Кисела Вода во петокот попладнето е претепан и ограбен сопственикот на менувачницата кој пред три години уби две лица кога се обидоа да извршат вооружен грабеж во неа. Ова е веќе трет напад врз истото лице..

Настанот бил пријавен во МВР околу 18 часот, а напаѓачите не се најдени. „Констатирано е дека се работи за разбојништво врз лицето Г.А. (1959) од страна на две непознати лица. Со употреба на сила му се одземени пиштол марка „Магнум“ и 20.000 евра“, посочија од МВР.

Ова е трет напад врз овој сопственик на менувачница. Првиот пат бил застрелан во нога од напаѓачите ,а вториот пат тој реагираше и уби две лица. Сега бил „само“ претепан и ограбен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.