По три дена сѐ уште не функционираат веб-страниците на министерствата за здравство и за образование МЗ

Откако во четвртокот вечерта беа хакирани, веб-страниците на Министерството за здравство и Министерството за образование и наука сѐ уште не се вратени во функција.

На МОН е хакирана само веб-страницата, додека на МЗ и службениот мејл.

ТВ21 побара одговор и од МВР, а од таму добиле само краток одговор дека секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика работи на расчистување на случајот.

Претходно, на денот на изборите беше хакирана интернет-страницата на ДИК и агрегаторот за вести „Тајм.мк“.