По три години од настаните од Диво Насеље, владата подготвена за меѓународна експертиза

Подигање на споменик во чест на осумтемина припадници на МВР  во  кумановската населба Тоде Мендол  и прогласување  на 09 –ти мај за Ден на бранителите на РМ , побараа денеска кумановци на  годишнината од загинувањето на бранителите во антитерористичката акција.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека владата е подготвена за меѓународна експертиза за овој случај но нагласи дека процесот мора да заврши до фаза на правосилност за потоа да се внесат меѓународни претставници како коментатори.

За загинатите бранители Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, утрово се одржа панихида во црквата Свети Никола организирана од група на бранители. Македонија никогаш нема да ги заборави своите херои. Тие ќе останат засекогаш врежани во македонската колективна меморија како луѓе кои несебично се ставија во одбрана на својата татковина и заштита на уставниот поредок на РМ, порачаа кумановци.

 Сите ние сме вечни должници на нивната храброст и нивната пожртвуваност кон татковината. Додека тие ја бранеа својата држава, Зоран Заев и Оливер Спасовски им свртеа грб на државата и на граѓаните. Еден ден по антотерористичката акција отидоа со смеење и се сликаа на местото каде својот живот го положија осумте припадници на МВР, изјави Игор Божиновски, ВМРО ДПМНЕ

 

Во дводневната акција беа повредени и 37 припадници на МВР, а имаше и загинати терористи.

Некој слави деветти мај како ден на победа над фашизмот, некој слави како ден на европа, ние бранителите во меѓусебна комуникација ќе направиме конвенција на бранители на која ќе предложиме самите ние, не мора државата да признае,  деветти мај да биде ден на бранителите на РМ за цела држава кој ќе се одбележува нормално пред споменикот на бранителите во Скопје, изјави Предраг Петрушевски, бранител

По повод тригодишнината од трагичниот настан во соопштението на МВР стои :

Овој нечовечки и противдржавен чин не смее никогаш да се повтори. Граѓаните секогаш ќе ја паметат нивната храброст, а иституциите во Република Македонија ќе ја осигураат правдата, како должност и кон нивните семејства и кон населението.
Одговорните за настаните во Диво Насеље ќе се соочат со одговорноста. Граѓаните на Република Македонија секогаш ќе се сеќаваат на херојството на овие бранители.

Во меѓувреме, куќите кои што беа целосно оштетени, со пари од државата повторно се изградија, а т.н.  „Диво Насеље “ доби нова водоводна и канализациона мрежа.