По веста за бременоста на 53 години помладата партнерка, Ал Пачино побарал тест на татковство

Кога познатиот актер Ал Пачино дознал дека неговата 53 години помлада девојка Нур Алфалах е бремена, ја замолил да направи тест за татковство.

Според извор близок до двојката на Page Six, Ал Пачино не верувал дека детето е негово поради медицински проблем од кој пател кој обично предизвикува неплодност.

Алфалах, која е во осмиот месец од бременоста, направила тест кој докажал дека тој е татко на нејзиното дете.

Изворот додава дека 83-годишниот актер бил шокиран кога дознал дека неговата 29-годишна девојка е бремена.