По враќањето од орбиталната станица, рускиот режисер сака да снима филмови на Месечината или на Марс

Рускиот режисер Клим Шипенко изјави во вторникот дека е подготвен да сними игран филм на Месечината, па дури и на Марс, откако 12 дена мина снимајќи на Меѓународната вселенска станица (ISS), на потувањето коешто ги промениле неговите идеи за можностите на филмот.

Шипенко и актерката Јулија Пересилд се вратија во неделата на Земјата отккао собрале повеќе од 30 часа снимен материјал за филмот со работен наслов „Предизвик“ кој е опишан како првиот игран долгометражен филм снимен во Вселената, кој раскажува за една лекарка хирург која мора да отпатува на ISS за да му го спаси животот на астронаут кој не може да биде транспортиран на Земјата.

„Подготвени сме. Веруваме дека вселенскиот филм треба да се снима во Вселената. Ако е на Месечината, одиме на Месечината. Ако е на Марс, одиме на Марс. Зошто да не? Зошто филмот би требало да се снима во студијата?“, изјави Шипенко на конференцијата за медиумите.

„Секоја секунда беше големо откритие“, изјави Пересилд која ја игра лекарака испратена на орбиталната станица.

Шипенко потврди дека екипажот на ISS му се придружила на снимањето. Додаде дека ова искуство го научило на нови начини на создавње на филмот.

„Некои сцени коишто на еден начин ги замислував на Земјата, искочија сосема поинаку …. Луѓето може да се гледаат лице в лице (во космосот), но еден од нив е со кренаата глава, а другиот е во хоризонтала и камерата може да биде во поинаква рамнина и тоа целосно ја менува вашата свест. За мене тоа беше филмско откритие, да се реализираат сцени на сосема поинаков начин во три или четири рамнини“, рече Шипенко.

Режисерот додаде дека работата на филмот „Предизвик“ ќе ја продолжи до крајот на следната година и дека на крахота на сцените од космосот веројатно ќе отпаднат 25 до 35 минути.

Трошоците засега не се познати, но Шипенко изјави дека постои голем меѓународен итерес.

„Мислам дека, доколку филмот се појави на светско ниво, ќе го исплати својот буџет, а задаќата на овој филм беше тоа да го стори“, рече Шипенко.