По загрепската, промоција на „Свет без граници“ од Срѓан Керим и во Опатија

По минатонеделната промоција во Заграб,  во Опатија беше одржатан промоција на книгата „Свет без граници“ настаната врз основа на речиси сократовските разговори кои изминатата паднемиска година ги водеа македонскиот дипломат Срѓан Керим и познатиот хрватски публицист и новинар Данко Плевник.

На претставувањето во Опатија, каде што Керим живее веќе седум години, присуствуваа и поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ, еминентниот униерзитетски професор Дамир Грубиша , уредникот на книгата Вук Перишиќ,

„Книгата го опишува она што во светот е и што би требало да бид. Срѓан Керим е првиот во историјата, како претседател на заседанието на Генералното собрание на ОН, кој на дневниот ред го постави прашањето на климатските промени. Овој негов потег е суштината на дипломатијата – трпелива работа со мали чекори. Вистинскиот напредок не доаша со револуција туки со постапна еволуција“, рече Перишиќ.

„Керим уште како младинец сфати дека до единство може да се дојде само со систематска дипломатска активност којашто претпоставува дијалог и помирување на спротиставените ставови надвор од премисите на идеологијата. Таквата своја работа ја продолжи во Движењето на неврзаните, а подоцна и во Обединетите нации. Со мирна душа може да се констатирак дека како искусен дипломат на западен Балкан оствари лично, но и пошироко регионално значење“, додаде коавторит на книгата Данко Плевник.

Керим ги изнесе и личните искуства кои се одиграа на 12-ти мај 1991 година, точно пред 30 години кога Стјепан Месиќ трбепе да стане претседател на Претседателството на тогашната СФРЈ.  Имајќи предвид дека Србија, на својата страна ги имаа и Војводина и Косово и Црна Гора, односот бил 4 „за“ и 4 „против“. На иницијатива на Керим на седницата биле повикани и претставници на тогашната Европска заедница: Холандија, Лускембург и Италија. Со овој дипломатски маневар била постигната целата Месиќ да биде избран за претедател на Претседателството на СФРЈ. Слободан Милошевиќ немал волја да го потпише документот со изговор дека нема пенкало, па Керим му го дал своето.

„Тоа од денешна перспектива изгледа гротескно и како интересна приказна, но тоа беа извонредно тешки моменти од нашата историја. Војската подготуваше пуч за да се инсталира Милошевиќ, а да се уапсенат Туѓман и Кучан“, прераскажа Керим истакнувајќи дека суштината на дипломатијата е зачувување на миот и стабилноста без што нема напредок.

Срѓан Керим беше шеф на дипломатијата во владата на Македонија во 2000/2001 година, портпарол на некогашното југословенско Министерство за надворешни работи, македонски абасадор во Германија и Обединетите нации, деловен чевек , а врвот на неговата кариера бепе претседавањето со 62-то Генерално собрание на ОН од 2007 до 2008 година. Во моментов Керим е овластен од Градот Опатија за застапување во развивањето на меѓународната соработка и партнерства со иснтитуции и поединци кои активно ќе го промовираат меѓународниот углед на Опатија, а заедничката цел е Опатија да биде впишана на мапата престижни конференциски центри во Европа и светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.