5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

По железничката несреќа вагоните дури денеска ќе се отстрануваат од пругата

По три дена од железничката несреќа, вагоните конечно ќе се отстрануваат од пругата кај кумановско Черкези.

-Во текот на денешниот ден ќе бидат расчистени и подигнати исклизнатите товарни вагони на делот од пругата помеѓу станица Куманово и Романовце, со што ќе се овозможи на ЈП МЖ Инфраструктура да пристапи кон обновување на пругата, информираат од МЖ Транспорт АД-Скопје.

Вагони од товарен воз се излизгаа од пругата кај кумановско Черкези на 2-ри јули. Немаше повредени, но беше причинета голема материјална штета. Поради тоа железничкиот сообраќај неколку дена е во прекин.