По зголемувањето на бројот на новозаразени над 100, Кина почна со масовно тестирање

Откако во Кина повторно има зголемување на дневните бројки на новозарзени од корона вирус, кои надминуваат и преку 100 случаи, во Пекинг почна масовно тестирање на целото население, додека во Шангај се тестираат сите здравствени работници.

Во Кина, во последните 24 часа се потврдени 103 нови случаи на корона вирус, од кои 94 се локални преноси.

Во провинцијата Хајлонгџијанг, сите нови позитивни и асимптоматски случаи се поврзани со фабрика за преработка на месо и се смета дека тоа е првиот кластер на овој бран нови случаи во Кина.

Од почетокот на епидемијата на корона вирусот во Кина, што се случи кон крајот на 2019 година, во земјата се потврдени вкупно 88.804 случаи на заразени и 4.635 смртни случаи.