Побаран притвор за поранешната државна секретарка во МВР на Србија

Српското Обвинителство за организиран криминал му предложи во петокот доцна вечерта триесетдневен притвор на Специјалниот суд за поранешната државна секретарка во Министерството за внатрешни работи по сослушувањет.

Како што објавија претходно белградските електронски медиуми, Хркаловиќ беше приведена на сослушување во петокот вечерта а истовремено се спроведувал претрес во нејзиниот дом.

Претходно во заедничкиот ангажман на Обвинетелството и Секторот за внатрешна контрола во минисерството за внатрешни работи против Хркаловиќ е поднесена кривична пројава поради сомневање дека извршила кривично дело трговија со влијание. Кривична пријава, исто така, е поднесена и против Дејан Миленковиќ, некогашен полициски началчник поради кривичното дело злоупотреба на службената положба, пренесе агенцијата Танјуг.

Миленковиќ бил сослушан во министерството, а Хркаловиќ во Секторот за внатрешна контрола, а потоа и во Обвинителството за организаран криминал, по што обвинителите поднеле предлог за одредување притвор.

Официјално соопштение поради што е покрената постпаката против Хркаловиќ нема, но медиумите наведуваат дека станув збор за наводна нејзина вмешаност во убиството на Властимир Милошевиќ во јануари 2017 година во центарот на Белград среде ден, познато како „убиството на шините“. За ова убиство беше обвинет а потоа поради наводно контаминирање на доказите ослободен Вељко Беливук, кој сега е обвинет за низа најбрутални кривични дека како водач на криминална група поврзана со еден од злогласните црногроско нарко-кланови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.