Побарувачката на германските компании на нови работници достигна рекордно ниво

Побарувачката на германските компании за нови работници во јули годинава достигнала рекордно ниво, а најголем недостиг е забележан во секоторот на информатичко-комуникациските технологии, се наведува во извештајот на Сојузниот завод за вработување (FEA).

Индексот на слободните работни места кој го составува FEA пораснал во јули за два индексни поени, на 256 поени, што е најголемото ниво на овој показател од неговото воведување во 2005 година. Оваа владина агенција истакнува во извештајот објавен во понеделникот и дека бројот на слободните работни места е зголемен претежно во економскиот сектор.

Најголема побарувачка од нови работници е регистриран во информатичко-комуникациските технологии. Секторите малопродажба, индустриско производство и јавна управа, исто така, забележале голем пораст на слободни работни места.

Рекордното побарување работници во Германија, во агенцијата го припишуваат на долготрајната економска благосостојба во земјата.

Иако неколку институти ги намалија своите процени за раст на економијата за 2018 годна, силниот раст и натаму се преточува во подобрени шанси за вработување. Покрај тоа, ниското ниво на невработеноста значи дека работницте во моментов се чувствуваат посигурни да ги менуваат моменталните работни места.

Владината агенција, од друга страна, го повторува предупредувањето дека некои сектори во економијата, како здравството и грижата, се соочуваат со сериозен недостиг од квалификувана работна сила. Ваквата ситуација се одразила во рекорниот индекс на конкурси за вработувања кои останале непополнети во текот на подолг временски период.

Во вторникот FEA треба да ги објави официјалните податоци за невработеноста во јули во Германија. Невработеноста традиционано расте во текот на летните месеци, како последица на користењето на годишните одмори. Во јуни, службениците на пазарот на трудот регистрирале најмал број регистрирани невработени жители на Германија од почетокот на обедувањето на земјата во 1990 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.