Победа на Атлетик за врвот на Примера

Фидбалерите на Атлетик пред своите навивачи во Билбао ја совладаа Мајорка со 2:0 и привремено се искачија на врвот на шпанското фдубалско првенство, барем до недела и заокружувањето на четврто коло.

До 68 минута во Билбао немаше погодоци, а потоа домашните за само шест минути двапати ја погодија противничката мрежа и дојдоа до втората победа сезонава и вкупно осум бодови. За водството погоди Дани Вивиан а го удвои Инаки Вилијамс.

Во првиот меч од саботната програма Леванте и Рајо Ваљекано во Валенсија одиграа 1:1. Домашнмите поведоа во 39 минута кога Рожер Марти реализираше Пенал, а бод за гостите донесе Серхио Гвардиола Наваро во втората минута од судиското продолжение на натпреварот.

Рајо Ваљекано собра четири бодови и е 10-ти, а Леванте има два бода и е моментлно 12-ти.

На чело на Примера е Атлетик Билбао со осум бодови, а го следат шест клубови со по седум бодови во која на седмата позиција е Мајорка.

Во недела на распоредот се четири дуело: Еспањол – Атлетико Мадрид во 14 часот, Осасуна – Валенсија во 16,15, Кадиз – Реал Сосиедат во 18,30 и Реал Мадрид – Селта Виго впо 21 часот.

Засега не е познато кога ќе се одиграат одложените дуели Барселона – Севилја и Вилјареал – Алавес, кои требаа да се одиграат во саботата, поради неможноста нивните играчи да се вратат најдоцна 14 часа пред почетокот на мечот од латиноамериканските квалификации за мундијалот во Катар 2022-ра.