Победа на Баерн, Борусија Дортмунд прокоцка водство од 2:0

76

Во 32-то коло од Бундеслигата водечкиот Баерн кој минатото коло одигра кај претпоследниот Нирнберг 1:1, сега беше домаќин на последниот Хановер кого го совлада со 3:1, и моментално е на четири бодови пред Борусија Дортмунд која вечерва на гостувањето кај Вердер испушти победа по водството од 2:0.

Фудбалерите на Борусија Дортмунд можеа да се вратат на два бода заостанување зад водечкиот Баерн, но откако поведе кај Вердер во 6 минута преку американскиот Хрват Кристијано Пулишик во 6 и Пако Алкасер во 41 минута од слободен удар, дозволи во последните 20 минути од мечот да загуби драгоцени два бода во борбата за титулата. Прво катастрофално згреши голманот Роман Бирки, кому Кевин Мехвалд во 70 минута му ја протна топката низ нозете, а потоа 40-годишниот Перуанец Клаудио Пизаро во 75 минута погоди за конечните 2:2. Ова беше четврти погодок сезионава, а со 196 голови Пизаро е на шестото место на листата на најдобрите стрелци во Бундеслигата на сите времиња.

Баерн сега има четири бода повеќе од Борусија, а до крајот на првенството Баварците играат на гости со третопласираниот РБ Лајпциг, а во последното коло до пречекуваат чевтртиот Ајнтрахт од Франкфурт. Борусија Дортмунд, пак, во претпоследното коло ја пречекува Фортуна Диселдорф а во последното му гостува на истоимениот клуб во Менхенгалдбах. Вердер е деветти со 47 бодови.

Мечот во Минхен го одбелчеќа напаѓачот на Хановер Бразилецот Жонатас де Жезус кој влезе на полувремето во 51 минута реализираше пенал со што го намали водството на домашните на 2:1, а потоа во 55 минута беше исклучен од игра откако во интервал од само три минути доби два жолти картона.

Стрелци за Баерн беа Роберт Левандовски во 27, Леон Горетцка во 40 и Франк Рибери во 83 минута. Хановер од претходно е сугурен патник во втората лига, последен е со 18 бодови, на две кола до крајот шест бодови помалку од 6-от Штутгарт кој ја држи позицијата која води во бараж за опстанок.

Херта на домашен терен го совлада Штутгарт, исто така, со 3:1. Домашните поведоа во 40 минута преку Ведад Ибишевиќ а водството го удвои во судиското продолжение од првото полуврме Ондреј Дуда. Саломон Калу во 67 погоди за водство на Херта од 3:0, а почесниот погодок за Штутгарт го постигна во 70 минута Марио Гомез.

Херта е на десетто место со 40 бодови, а Штутгарт нема шанси да се спаси од баражот.

Борусија Менхенгладбах и Хофенхајм одиграа 2:2, кој не реализираше најмалку четири ткн стопроцентни шанси за погодок во прв ред благодарејќи на домашниот голман, а двапати беше во водство. Гостите поведоа во 33минута преку Павел Кадерабек, Борусија израмни во 72 минута со голот на Матијас Гинтер но само по седум минути Хофенхајм повторно дојде до водсто преку Надием Амири, а конечниот резултат го постигна во 84 минута Јосип Дрмич.

Борусија Менхенгалдбах остана на петтото место со 52 бода, два помалку од четвртиот Ајнтрах кој има и меч помалку а го држи последното место кое води во квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона, а е на позицијата која води Лига Европа. Хофенхајм, пак, е седми со 51 бод и до крајот на шампионатот се надева на пласман во Лига Европа.

Волфсбург со головите на Феликс Клаус со 38 и Марсел Тисеранд во 78 минута го совлада Нирнберг. Волфсбург е шести со 52 бода и моментално има пласман за квалификациите во Лига Европа. Норнберг е претпоследен со 19 бодови, пет помалку од Штутгарт и шансата да игра во разигрувањето за опстанок.

Во недела се играат мечевите: Шалке 04 – Аугсбург, Фрајбург – Фортуна и Баер – Ајнтрахт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.