Победа на Ферстапен, Хамилтон казнет падна на седмото место

EPA/Fernando Bizerra

Холанѓанецот Макс Ферстапен од тимот на „Ред Бул“ победи на трката за Големата награда на Бразил возена неделата вечерта на патеката Интерлагос и првпат во кариерата се искачи на победничкиот пиедестал, додека новиот шампион во Светското првенство во класата Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на „Мерцедес“, поради сударот во последниот круг со вториот болид на „Ред Бул“ возен од Алекс Албон, падна од третата на седмата позиција.

Финецот Валтери Ботас, од „Мерцедес“, второпласиран во генералниот пласман, не ја заврши трката поради проблеми, а многу полошо минаа возачите на „Ферари“, Шарл Леклер од Монако и Сенастијан Фетел од Германија, кои на четири круга пред крајот меѓусебно се судрија и останаа без пластман. Последната трка од сеозанта се вози по две седмици во Аби Даби.

Нивниот судар потполно го искористи Ферстапен, кој сега на една трка пред крајот на првенството е трет со 260 бодови, Леклер остана на 249, а Фетел на 230 бодови.

Откако Хамилтон поради судирот со Албон беше казнет со пет дополнтиелни секунди, старо-новиот светски првак падна на седмата поиција, па третото место во Интерлагос го зазема Шпанецот Калрос Сајнц помладиот од „Мекларен“, кому ова е првпат да се искачи на победничкиот пиедестал. Истиот успех го повтори и вечерва второпласираниот Французин Пјер Гасли од „Торо Росо“.