Победа на Филаделфија, порази на Кливленд и Феникс

Во натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта кон неделата, Кливленд Кавалирс и Феникс Санс забележаа нови порази, додека Филаделфија 76ers дојде до својата втора победа во етапата по конференции.

Филаделфија Севентисиксерс на гости со 112:110 ги совлада Далас Маверикс. Што се само втора победа оваа сезона. Сиксерси до победата ги предводеа Бен Сајмосн и Џоел Имбиид со по 23 кошови, а првиот имаше и 8 асистенции и 7 скокови, Далас имаше шанса да изедначи и да влезе во продолжение, но на 0,2 секунди пред сирената Јоги Фарел од линијата за слободни фрлања го промаши првото. Ка Далас најдобар беше Харисон Барнес со 25 поени, а Весли Метјус додаде 19, Фарел 17 а Џеј Џеј Баре 15 кошови.

Феникс Санс беа поразени во Портланд од Трејл Белјзерс со 107:114. Демијан Лилард постигна 25 поени за Портланд, а Си Џеј Мекколам додаде 23 кошови. Кај Санс Јусув Нуркиќ даде 17 кошови со 9 скокови, а Пет Конајтон 13 поени. За Феникс, кој има скор од 2 победи и 4 порази, ова е првиот пораз откако тимот го презема Џеј Триано како привремен тренер, откако Ерл Вотсон на 22-ри октомври доби отказ по три последователни пораза.

Њу Орлеанс Пеликанс убедливо со 123:101 ги совладаа Кливленд Кавалирс. Четири играчи од првата постава на Пеликанс, Демаркус Кузинс, Ентони Дејвис, Џру Холидеј и И’Тваун Мур задно постигнаа 112 поени од 123-те кошови на Њу Орлеанс.

Најефикасен кај Кавалирс беше Кевин Лов кој го забележа петтиот „дабл-дабл“ во шесте натпревар со 26 погодоци и 11 скокови. Леброн Џејмс не играше во последната четвртина, а мечот го заврши со 18 кошови, 5 скокови и 8 асистенции. Двејн Вејд додаде 15 поени.

Јута Џез со 96:81 ги совлада Лос Анџелес Лејкер. Рукито Донован Мичел во победата на „џезерите“ постигна 22 кошови, а Рики Рубио додад 21 кош 7 скокови и 4 асистенции. Брендон Инграм ги предводеше Лејкерс со 16 поени, а Џордан Кларксон додаде 15 кошови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.