Победа на Нант, реми на Лил

Фдубалерите на актуелниот француски првак Лил одиграа во саботата дома само 1:1 против Брест во рамките на 11-то коло на националното првенство.

Домаќините поведоа во во 19 минута со голот на Жонатан Давид, а гостите израмнија во 32 минута преку Ромен Феврие.

Лил во 11-те кола постигна само четири победи и моментално е 9-ти со 15 подови, дури 12 помалку од водечкиот ПСЖ. Брест пак е 18-ти со шест бодови, а може да падне на последното место на табелата доколку во недела победи остварат 19-от Мец кој има исто шест бодови и 20-от Сент-Етјен кој има пет бодови.

Во претходно одиграниот дуел Нант славепе кај Клермон со 2:1. Двата тима во првиот половина час остана со по играч помалку, по исклучувњата на Јохан Гастиен кај гостите во 30 минута, и кај домашните на Себастијан Горшиа во 39 минута. Домашните поведоа во 38 минута преку Андреи Гирото, гостите израмнија Мохамед Бајо во 49 минута, но победата на Нант му ја донесе Лудовик Блас во 61 минута.

 Нант моментално скокна на петтата позиција со 17 бодови, а Клермон со 13 бодови е на 14-то место.