Победа на Реал, пораз на Атлетико

Во заостанатиот дуел од шпанското фудбалско првенство Реал Мадрид во Билбао со 2:1 го совлада Атлетик зголемувајќи го водството на табелата.

Два гола во 2 и во 7 минута постигна гостинскиот капитен Карим Бензема, а во 10 минута за домашните погоди Оихан Сансет. Во преостганатите повеќе од 80 минута веќе немаше погодоци, па Реал дојде до важната победа на тешкото гостување на „Сан Мамеш“.

Реал Мадрид сега со 46 бодови е пред второпласитраната Свевилја која има 38 бодови и меч помалку, а Реал Бетуис е третопласиран со 33 бодови и исто така меч помалку. Атлетик Билбао е на средината на табелата 10-ти со 24 бодови.

Во вториот денешен судир Гранада со 2:1 го изненади Алтетико Мадрид на својот терен. И на овој дуел мадридскиот клуб поведе веќе во 2 минута преку Жоао Феликс, но следеа погодоците на Дарвин Машис во 17 и Хорхе Молина во 61 минута.

Атлетико Мадрид од 18 кола собра 29 бодови и е моментални петти израмнет со шестиот Реал Сосиедад и бод повеќе од седмата Барселона и осмата Валенсија. Сите овие тимови имаат по 18 натпревари, а толку има и четвртопласираниот Рајо Ваљекано кој има 30 бодови. Гранада дојде до важните бодови и сега со 22 бодови е на 12-то место.