Победа на Шефилд, одложен мечот на Сити со Вест Хем

Во дуелот од 26-то коло на англиското фудбалско првенство Шефилд Јунајтед на домашен терен со 2:1 го совлада Борбнум напредувајќи на високото петто место на табелата.

Гостите поведоа со голот на Калум Вилсон во 13 минута, но Били Шарп во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме го постигна израмнувачкиот погодок. Напорите на домашните да дојдат до целиот плен резултираа во 84 минута кога погоди Џон Лундстрам.

Шефилд е петти со 39 бодови, на местото кое води во Европската лига, два бода помалку од четвртиот Челзи кој е последниот тим кој засега се квалификува во Лигата на шампионите следната сезона а два бода повеќе од Тотенхем. Лондонските тимови допрва треба да го одиграат натпреварите од ова коло.

Натпреварот меѓу Манчестер Сити и Вест Хем Јунајтед е одложена поради најавата за надоаѓање на бура, додека другите натпревари од 26-то коло се играат следниот викенд.