Победа на Трамп во првичните избори во пет држави во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп очекувано победи на првичните избори на Републиканската партија во пет држави – Ајдахо, Вашингтон, Мисисипи, Мисури и Мичиген.

Тој им се заблагодари на своите приврзаници на Твитер. Во шестата држава – Хаваи – беше решено да не се гласа вчера.

За републиканската номинација за партискиот конгрес, што ќе се одржи од 24 до 27 август во Шарлот, Северна Каролина, се потребни гласови од 1.276 од 2.441 делегат. По актуелната победа, Трамп веќе има над 1.000.

Поранешниот потпретседател Џо Бајден, во меѓувреме, победи во Мисури и Мисисипи и клучната – Мичиген.