Победа на Вардар за крајот на регуларниот дел од СЕХА лигата

Со гостувањето во Љубушки кај тимот на Извиѓач и триумф 31:28 (16:10) ракометарите на Вардар го завршија регуларниот дел од сезоната во СЕХА Газпром лигата.

„Црвено-црните” одамна го обезбедија учеството на Ф4 турнирот, а кој ќе биде ривалот на Вардар ќе се знае по одигрувањето на дуелите Нексе – Мешков и ППД Загреб – Татран.

Безшестмина стандардни првотимци: Сташ Скубе, Игор Карачиќ, Даинис Криштопанс, Тимур Дибиров, Вуко Борозан и Сергеј Горбок актуелниот првак во СЕХА лигата одигра променлив меч, во две различни полувремиња. Од одлично прво и добар почеток на вториот дел, до пад во играта во самата завршница. Му овозможија за момент на домаќинот да се понадева на изненадување, но кога требаше „додадоа гас” и на крајот без проблеми ги освои трите бода.

До средата Вардар ќе биде првопласиран на табелата, а потоа се ќе зависи од постигнатите резултати на последните два натпревари: Во Хрватска се играат два натпревари: Нексе – Мешков и ППД Загреб – Татран. Во зависност од овие натпревари и исходот ќе биде познат и конечниот распоред на табелата.

Единствено сигурно е дека Вардар нема да биде четвртопласиран на табелата. Но, можни се сите други сценарија. Во полуфиналето на Ф4 турнирот во СЕХА лигата што е закажан за 2 и 3 април ќе играат: првопласираниот против четвртопласираниот и второпласираниот против третопласираниот. Победниците потоа ќе играат во финалето.

Само во почетните минути на средбата во Љубушки беше израмнето, до 3:3. Потоа Вардар ја презеде иницијативата и водството. На полувреме Вардар имаше „плус 6″ за водство 16:10. Потора на голот се разбрани и Калифа Гедбан.

Потоа предноста се зголеми на 18:10 на почетокот на второто полувреме. Извиѓач намалуваше, но предност беше да до три гола постојано беше одржувана.

Извиѓач: Мандиќ, Херцег, Миличевиќ 1, Алиловиќ 1, Кос 3, Ивановиќ 8, М. Мишетиќ 2, Чутура 2, Вукшиќ 4, Приморац, Матага 1, Маретиќ, Калуѓеревиќ 1, Ловриќ, Г. Мишетиќ 3, Делиќ 2

ВАРДАР: Гедбан (14 одбрани и 2 седмерци.), Милосављев, Стоилов 1, Кукуловски 4, Недановски 2, Поповски 9, Мораеш 2, Калараш 2, Чупиќ, Шишкарев 4, Крстевски, Војводиќ 3, Кисељев 4.