Победа на водечката тројка во Бундеслигата

51

Екипите на минхенски Баерн, Фрајбург, РБ Лајпциг и Борусија од Дортмунд постигнаа сигурни победи во саботните натпревари од деветтото коло од германската фудбалска Бундеслига.

Баерн со убедливи 4:0 во Минхен го совлада Хофенјхам и остана на врвот со 22 бодови, а гостите моментално се 11-ти со 12 бодови.

Головите за Баерн ги постигнаа Серж Гнабри во 16, Роберт Левандовски во 30, Ерик Максим Чупо-Мотинг во 82 и Кингсли Коман во 87 минута. Полјакот Левандовски дојде до 10 лигашки голови, и сега има постигнато 26 погодоци во 34 првенствени натпревари во календарската 2021 година, само шест помалку од рекордот на Бундеслигата на сите времиња кој го постави легендарниот неодамна починат Герд Милер во 1972 година.

Борусија Дортмунд и без повредениот Халанд и сѐ уште под впечатоците од катастрофалниот пораз од Ајакс во Лигата на шампионите со 3:1 славеше кај претпоследната Арминија. Борусја поведе во 31 минуа со голот на Емре Чан од пена, а вториот погодок го постигна Матс Хумелс во 45 минута. Три гола предност за гостите оствари Џин Белингам во 72 минута, а единствениот погодок за Атмија го постигна Фабијан Клос во 87 минута од пенал.

Борусија Дортмунд е второпласирана со 21 бод, еден помалку од водечкиот Баерн, а Армија остана претпоследна 19-та со само пет бодови.

Фрајбург е најпријатното изненадување од полетокот на сезоната, а тоа го докажа и во саботата остварувајќи победа од 2:0 на гости кај Волфсбург. Стрелци беа Филип Лиенхарт во 27 и Лука Хелер во 68 минута.

Фрајбург сега е трети со 19 бодови, три повеќе од Баер Леверкузен кој има меч помалку, а Волфсбург моментално е осми со 13 бодови, а го загрозува Келн кој има бод но и меч помалку.

РБ Лајпциг на својот стадион беше убедлив со 4:1 против Фенерџијата Гројтер Фирт кој сезонва има досега освоено само еден бод. Головите за домашните ги постигнаа Јусуф Поулсен во 46, Емил Форсберг во 53 од пенал, Доминик Шобошлаи во 65 и Иго Новоа Рамос во 88 минута, па сега Лајпциг дојде до вкупно 14 бодови со кои моментално е на шестото место.

Херта во Берлин со погодокот на Марко Рихтер во 40 минута ја совлада Борусија од Менхенгладбах. Херта е 10-та со 12 бодови, а Борусија М има бод помалку и е на 12-то место.

Во недела на распоредот се дуелите Келн – Баер Леверкузен, Штутгарт – Унион Берлин и Бохум – Ајнтрахт Франкфурт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.