Победа на водечката четворка во Франција

Водечката четворка во француското фудбалско првенство, односно Пари Сен Жермен, Монако, Олимпик Лион и Олимпик Марсеј, оставија победи во 19-то коло од Ле Шампионат.

ПСЖ на својот „Парк на принцовите“ со 3:1 го совлада Дижон, Монако во Кнежевсвото го порази Рен со 2;1, Марсеј на „Велодром“ славеше против Троа со 3:1, додека Лион на гостувањето беше подобар од Тулуз со 2:1.

ПСЖ рутински стаса до победата против Дижон, со головите на Единсон Кавани во 21, Килиан М’бапе во 57 и Јури Бершиш во 81 минута, додека голот за гостите во судиското продолжение го постигна хрватскиот интернационалец Иван Сантини.

Монако многу потешко дојде до трите бода. Откако домашните поведоа во 20 минута преку Радамел Фалкао, изедначи Ваби Казири од пенал во 59 минута, а победа за тимот од Кнежевството ја донесе Кеита Балде Диао во 81 минута.

Лион славеше во Тулуз со головите на Набил Фекир во 24 минута од пенал и на Рафаел во третата минута од судиското продолжение, домашните го ублажија поразот од пенал три минути подоцна.

Троа поведел на „Велодром“ преку Брајан Пеле во 14 минута, но Марсеј во продолжението од мечот успеа да постигне три гола, а стрелци беа Димитир ПАје во 31 , Лузи Густаво во 66 и Валер Жермен во 84 минута.

На табелата води ПСЖ со 50 бодови, Монако и Лион имаат по 41 бод, а Марсеј има 38 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.