Победа на Волфсбург, реми на Хофенхајм

Во неделните дуели од петтото коло на германската фудбалска Бундеслига, Волсфбург како домаќин ја совлада Арминија Билефелд со 2:1, додека Вердер Бремен и Хофенхајм одиграа 1:1.

Волсфбург поведе со двата брзи гола на Вут Вегхорст и на Макзимилијан Арнолд во 19 и 20 минура, а гостите намалија во 80 минута преку Свен Шиплок.

Волсфбург е 10-ти со седум бодови, а Арминија е 14-та со четири бодови.

Вердер во Бремен дојде во водство преку Максимилијан Егештејн во 5 минута, а за Хофенхајм израмни Денис Гигер во 22 минута. Вердер сега е шести на табелата со осум бодови, а Хофенхајм е осми со бод помалку.

Во водство е РБ Лајпциг со 13 бодови, бод повеќе од Баерни Минхен и Борусија Дортмунд.

Во понеделник колото го затвора дуелот меѓу Баер Леверкузен и Аугсбург.