Победа за коалицијата ВМРО-ДПМНЕ-ААА во Струга, Карпош и Сопиште

Институтот „АКСИОС“ во периодот од 02.10 до 06.10.2021 година спроведе анализа на јавното мислење на стратифициран примерок во секоја општина/Град Скопје во Република Македонија засебно во однос на демографската средина и бројот на жители во општината/градот Скопје. Анкетата е спроведена на нарачка на „Институтот за Социолошки истражувања, иницијатива ЛОГОС“.

Статистичкта грешка на анкетата е околу 2%.

Според анкетата, ВМРО-ДПМНЕ има убедлива победа во општина Карпош со Оливер Зафировски и во Сопште со актуелниот градоначалнк Стефче Трпковски. Кандидатот на АА и А за Струга, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Идри Истрефи, е човекот на кој му веруваат стружани, а пак, кандидатот на СДСМ за Валандово Перо Костадинов е во блага предност пред неговиот противкандидат Тони Узунов од ВМРО-ДПМНЕ.

На стратифициран примерок на територијата на општина Карпош на 488 испитаници
1. За кој кандидат за градоначалник ќе гласате на наредните локални избори во општина Карпош?
Душко Весковски- СДСМ 15.4 проценти
Оливер Зафировски- ВМРО-ДПМНЕ 17.6 проценти
Стевчо Јакимовски- ГРОМ 16.8 проценти
Друг 4.3 проценти
Ниту еден 20.1 проценти
Не знам – немам одговор 25.8 проценти

 

На стратифициран примерок на територијата на општина Валандово на 353 испитаници
1. За кој кандидат за градоначалник ќе гласате на наредните локални избори во општина Валандово?
Перо Костадинов- СДСМ 25.4 проценти
Тони Узунов- ВМРО-ДПМНЕ 24.9 проценти
Ниту еден 22.8 проценти
Не знам – немам одговор 26.9 проценти

 

На стратифициран примерок на територијата на општина Струга на 494 испитаници
1. За кој кандидат за градоначалник ќе гласате на наредните локални избори во општина Струга?
Димче Шипинкаровски- СДСМ 7.9 проценти
Рамис Мерко- ДУИ 15.4 проценти
Идри Истрефи- ААА 16.9 проценти
Друг 9.9 проценти
Ниту еден 22.7 проценти
Не знам – немам одговор 27.2 проценти

 

На стратифициран примерок на територијата на општина Сопиште на 372 испитаници
1. За кој кандидат за градоначалник ќе гласате на наредните локални избори во општина Сопиште?
Сашо Стојановски- СДСМ 23.1 проценти
Стефче Трпковски- ВМРО-ДПМНЕ 27.2 проценти
Ниту еден 22.9 проценти
Не знам – немам одговор 26.8 проценти

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.