Победа

Поминаа неколку дена од победата на Вардар и еве не, по обичај, како да ништо не било. Да, простете, ама баш така. Мислам жално ми е кога ќе видам колку малку зависи и од нас, од навивачите, од поддржувачите кои не’ манипулираат за спорт, па не за друго. Вардарци сега се раат, гостуваа кај Жаре во првите три дена пеење славење им донесоа подмирени долгови како и процес за подолгорочно одржување на клубот. Ај да видам – да не верувам. Сега чекам да се кренат и сите други клубови, кои се надевам дека увидоа – најмал успех можност за добра иднина. …Да??!?! Јас сепак сум скептик, а ќе пробам и да бидам циник. Кога некој ќе ми каже Победа, мене само ме асоцира на онаа картонска беда од ресторан која беше на местото на денешна НЛБ карши Рамстор и која беше расадник на уништени новинарски црни дробови, оти такви ни беа дојаените, немаа кокаин али затоа спиеа под маса на нивната вечна редакција.

Легенди

Една од вечните медиумски и јавни личности на која новинарите акутно губат р’скавица во р’бетот е Трифке – пеач, политичар, бизнисмен за кој никој не му знае бизнисот, ниту сретнал вработен, нај, нај, нај, родоначалник на Шкуп, кој денес има тешка конкуренација за таа титула…нај нај, хуманист, естета, модернист, пематњакович кој знае се’, за политика, спорт, мода, музика….па ја треба Јади Бурек нему да му ја оставам. Човекот е роден за тоа, чуј роден… ма у епрувета е ДНК манипулиран да биде ова што е денес – се’ за се’ и сешто. Е тој ваш, (никад мој), го славевте, го пеевте, МОЈОТ ЖИВОТ Е УСПОНИ И ПАДОВИ, му се крстевте со три 6-ки вегета дека увек засекад одсад и у будуче, па дури и му ги пеевте Нови Фосили. Да ве опитам, каде е денес шампињонот Кометла? Паметам, тогашниот капитен на клубот беше кај мене во емсија, за жал се констатирање дека ни плата земаат, и кај се денес? Дали го спасија клубот? Дали го спасивте клубот?

Дата за најавена смрт

Не добивме датум за преговори … доброоо и сеа што? Ама ветил оставка, нова влада…!!! Па што ако ветил? А, зошто да некој мора вам да ви учини и оствари обечано? Зошто? Дајте ми добра причина? За пар недели ќе се кезите кисело на грчка граница кај цариникот со потајна стрепња да не се одлепи налепницата на таблицата МК и со надеж дека вандалите нема да ви скршат шофершајбната. Но, Варадр во срцето, Македонија во душата! 3 Милиона ноќевања секоја година само од Македонци во Грција. Најбројни по светкса туристичка статистика како најбројни во Грција. Барем не сум дволичен – одувек сум им идел и ќе им идам, прв сум таму и кога ќе ме прашаат од кај сум им викам ОД ЈУГОШЛАВИЈО КАПИТАЛИШТО, ко што научив од Миле Паника и К15. Меркел и направи дабл пенетрејшн со сингл дилдо и што е најслатко ама сите до еден офкаат од мераци ммм м м м шо убоо било. Така требало. Морално било. Не, пар стотина твитер и фб лунпен пролетери ем патриоти воопшто не се рачунаат.

Солзи

И Лилето се расплака, капат слзи на белиот мерцедес, од тага за загубените ем џабе продадени идеали … абе подвозјето веќе кородира .. Но идеалите и продадени кога се, остануваат. Мермерната плоча на родителот кој целиот свој живот го посветил на Македонија, таа тежи и боли. Но, утеха има, таа се вика – пратениччка плата. Цап!

Поента

Поента? Кому? Зошто? Заслужуваме се’ што ни се случува, мое длабоко мислење. Не? Зошто? Оти пееме химна на плоштад? Оти сме му рекле да ни го инхалира половиот орган, оти сме му смениле сексуална ориентација на кметот? Тоа е нашиот хероизам со кој докажуваме кои сме и што сме? А, ваму на избори не се искача и се легитимира и одобруват делата и постапките на оние кои ги пцуете.

Путујте другови – да се не љубимо!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес