Заслужениот триумф од 2:0, кој фудбалерите на Атлетико Мадрид го забележаа во дуелот против градскиот ривал, тимот на Гетафе е во сенка поради тешката повреда која ја заработи најдобриот фудблер во дресот на актуелниот лидер на првенствената табела, Диего Коста.
Брзоногиот напаѓач се повреди при постигнувањето на вториот гол за мадриѓаните во 84.минута кога со левата потколеница по лизгачкиот старт удри во левиот дирек од голот на Гетафе.
Репрезентативецот на Шпанија веднаш беше изнесен на носилку и беше транспортиран во клиничкиот центар во Мадрид.
“Се што можам да кажам дека Коста е во добра состојба, мислам дека се ќе биде во ред со нашиот напаѓач. Новата посекотина не му може ништо на Коста, не му може ништо на овој тигар”, изјави предводникот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
Со идентичен резултат и повторно во корист на гостинскиот тим, заврши и градската пресметка помеѓу вечните ривали, Бетис и Севилја.
Резултати: Бетис – Севилја 0:2, Валенсија – Елче 2:1, Гетафе – Атлетико М. 0:2, Еспањол – Р.Валјекано 2:2.