Победи на Ајнтрахт и Вердер во Бундеслигата

Бас Дост, Ајнтрахт Франкфурт

Фудбалерите на Ајнтрахт и Вердер забележаа домашни победи во двата последни натпревари од третото голо на германската Бундеслига.

Ајнтрахт во Франкфурт со пресврт славеше над Фортуна со 2:1. Гостите поведоа со погодокот на Роувен Хенингс во 36 минута, а домашните во второто полуврме, прво израмнија во 57 минута преку Бас Дост, а потоа на четири минути пред крајот на регуларниот тек од мечот поведоа со голот на Гоншало Пасиенсија.

Ајнтрахт по три гола се 7-ми со шест бодови, а Фортуна има три бода и е 12-та.

Вердер во Бремен со 3:2 го совлада Аугсбург. Стрелци за домашните беа Јуја Осако во 6 и 67, и Џош Сарџент во 21 минута, а за гостите кои уште во 34 минута останаа без исклучениот Штефан Лихтшатјнер двоен стрелец беше Рубен Варгас во 12 и 46 минута.

За Вердер по двата воведни пораза ова се првите три бода со кои е на 13-то место, а Аугсбург остана со еден бод на 16-то место.

На табелата во водство е РБ Лајпциг со максималните девет бодови, а го следат со два бода помалку Баерн, Волсфбург и Баер Леверкузен