Победи на Баерн и Хофенхајм

Фудбалерите на Баерн победија со 4:1 (2:0) на гостувањето кај Фортуна, додека Хофенхајм пред своите навивачи ја совлада берлинска Фортина со 2:0 (1:0) во 29-то коло од германското првенство.

Кингсли Коман по пресметката на тренингот со Робер Левандовски го насочи гневот кон противникот и донесе водство на Баерн со головите во 15 и 41 минута. Гнабри погоди во 55 минута а 3:0, а Горецка во втората минута од судиското продолжување за 4:1, откак во 89 минута за Фортуна погоди Лукебакио.

Хофенхајм до победата со која се качи на шестото место дојде со головите на Амири во 29 и Нелсон во 76 минута.

Баерн со 67 бода е на чело на Бундеслигата, а со бод помалку го следи Борусија Дортмунд. Трет е РБ Лајпциг со 58, а четвртио Ајнтрахт со 52 бода и меч помалку. Борусија Менхенгалдбах е петта со 51 бода, а Хофенхајм е шести со 47 бодови. Во зоната на испаѓање се Нирнберг со 18 и Хановер со 14 бодови, додека Штутгарт со 21 бод на пет кола пред крајот е на позицијата која води во баражот за опстанок.

Во моментов се игра последниот меч од колото меѓу Ајнтрахт и Аугусбург.