Победи на Барса и Реал

Во последните два неделни натправари од 21-то коло на шпанското фудбалско првенство најтрофејните клубови Барселона и Реал Мадрид забележа сигурни гостински победи кај Жирона односно Еспањол.

Реал поведе во Барселона уште во четвртата минута кога ударот на Лука Модриќ го одбрани Диего Лопез, но одбиената топка во мрежата ја спроведе Карим Бензема. Во 15 минута веќе беше 2:0 за гостите од Мадрид, а повторно асистент беше Модриќ на чие нафрлување одлично реагираше со глава Серхио Рамос. На 1:2 во 25 минута намали Лео Баптистао, но „Кралскиот клуб“ одговори со два нови гола, преку Бензема во првата минута од судиското продолжение од првото полувреме и Герет Бејл во 67 минута. Во 72 минута Реал остана со играч помалку, откако Рафаел Варан доби црвен картон по прекршокот што го направи како последен човек во одбраната. До крајот на мечот Еспањол успеа само да го ублажи поразот со голот што во 81 минута го постигна Роберто Росалес.

Реал Мадрид е трет со 39 бодови, пет помалки од второпласираниот градски ривал Атлетико и десет зад водечката Барселона. Еспањол се одржува подалеку од зоната за испаѓање, 15-ти е со 24 бода, шест повеќе од местата кои водат во Сегунда.

Во претходно одиграниот меч Барселона со головите на Семедо во 10 и Меси во 69 минута ја совлада Жирона и дојде до 15-та победа вкупно и осма последователна. Домашните играа од 51 минута без исклуелниот Еспиноза, и по ова коло се на 14-то место со 24 бодови.

Реал Вајадолид ја победи Селта со пресврт. Гостите поведоа во 16 минута преку Систо, Плано израмни во 55 минута, а бодовите за домашниот тим ги обезбеди Кеко во 69 минута. Рајо е во опасната зона, 18-ти со 20 бодови но и еден заостанат меч, со кој може да ја мине Селта која е место погоре со еден бод повеќе.

Во Билбао со голот на Муниаин во 21 минута Атлетик освои важни бодови во бегството од долниот дел на табелата во дуелот со Реал Бетис. Сега Баските имаат веќе 26 бодови и се искачија на 11-то место, а тимот од Бетис е осми со 29 бодови.

Реал Сосиедат одигра беа голови против Хуеска којашто само со 12 бодови е веќе отпишана. Неуспехот дома го чини Сосиедат губење на неколку позиции во горниот дел од табелата, па сега е деветти со 27 бодови.

Колото во понеделник ќе го заокружат Депортиво Алавес и Рајо Ваљекано.