Победи на Челзи и Брајтон и рекорди во „осакатениот“ англиски „Боксин деј“

Во последните два натпревара од 19-то коло одиграни ден по католички Божик, познат во фудбалскиот свет како „Боксинг деј“, Челзи на госити со 3:1 ја совлада Астон Вила, а Брајтон со 2:0 беше подобар од Брентфорд,

Астон Вила поведе во 28 минута со автоголот на Рис Џејмс, но актуелниот европски првак во продолжението од натпреварот направи резултатски пресврт. Во 34 минута Жоргињо израмно од пенал, а Ромелу Лукаку во 56 минута им донесе водство на Челзи, а во последните моменти од средбата Жоргињо реализираше уште еден пенал за конечните 3:1.

Така Жоргињо, Бразилец кој настапува за италијанската селекција, стана нов рекордер во Премиер лигата според бројот реализиран пенали во една календарска година. Ова беше 10-от успешнио реализиран удар од белата точка во 2021 година, а досега го деелеше рекордот со Мат Ле Тисие кој тоа го стори девет пати во 1994 година и со Стивен Џерард кој девет пенали реализираше во 2014 година.

Со трите бода Челзи се израмни на второто место со 41 бод со Ливерпул кој има меч помалку, а на врвот не Манчестер Сити со 47 бодови. Следат Арсенал со 35 бодови, Тотенхем со 26 но со дури три меча помалку. Астон Вила е 11-та со 22 бодови.

Во последниот меч на „Боксинг деј“, Брајтон енд Хоув Албион со победата од 2:0 над Брентфорд ја забележа првата победа на прв ден по Божик по 16 години. Стетрелци беа Леандро Тросард во 34 и Нил Мапаи во 42 минута. Брајтон од 17 натпреари има 23 бодови и е 9-ти,а Бренфорд во исто толку мечеви собра 20 бодови и моментално е 13-ти.

Вкупно 28 голови бера постигнати на шесте натпревари во неделата во 19-то коло, на „Боксинг деј“, додека три дуела од ова коло беа одложени поради многуте случаи на зараза со кронавирусот.  Најмногу погодоци беа видени на „Итихед“ каде Манечестер Сити со 6:3 го победи Лестер Сит. Тоа беше најефикасниот дуел на „Боксинг деј“ во последните 30 години и мечот меѓу Олдхем и Манчестер Јунајтед 3:6 од 1991 година.

Годинешниот „Боксинг деј“ го одбележа и напаѓачот на Тотенхем, Хери Кејн, кој се израмни на вровот на листата најдобри стрелци на овој уникатен и препознатлив за англискиот фудбал ден. Постигнувајќи погодок во победата над Кристал Палас од 3:0, Кејн стаса до бројата од 9 голови постигнати на 26-ти декември, со што го достигна рекордот на легендарниот напаѓач на Ливерпул, Лидс Јунајтед и Манчестер Сити, Роби Фаулер кој исто така постигна 9 погодоци.Зад нив се Алан Ширер и Роби Кин со по 8 голови, додека Тиери Анри постигна 7 голови.

Традицијата Англичаните да играат ден по Божикната ноќ потекнува од дуелот меѓи Шефилд ФК, најстариот фудбалски тим на светот, и Халам ФК, нивниот локален ривал. Натпреварот е одигран на 26-ти декември 1860 година и оттогаш во Англиската фудбалска лига се одиграни повеќе од 3.700 натпревари, според Здружението на фудбалските статистичари.

Во историјата ќе биде впишан 26-ти декември 1963 година кога на десет натпревари се постигнати 66 погодоци, најмногу на дуелот меѓу Фулам и Ипсвич кој завршил со резултат 10:1.