Победи на Челзи и Манчестер Сити

Манчестер Сити дојде до уште една убедлива победа во англиската Премеир лига, совладувајќи го во неделата во 11-то коло Саутемпон со 6:1, додека Челзи со 3:1 го победи Кристал Палас.

Имајќи предув дека ден претходно Арсенал и Ливерпул одиграа без победник (1:1), Манчестер Сити се издвои на првото место на табелата, има два бода повеќе од Челзи и од Ливерпул.жж

Сити победи во 6 минута со автоголот на Весли Гоед, а веќе во 18 минута беше 3:0, благодарејчќи на погодоците на Кун Агуеро во 12 и Давид Силва во 18 минута. Два гола додаде Рахим Стерлигн, во 45 и 67, а Лерој Сане беше стрелец во првата мкинута од судиското продолжемние. Погодокот за Саутемптон, кој е 16-ти на табелата со седум бодово, го постигна Дени Ингс во 30 минута од пенал.

Во победата на Челзи два гола постигна Алваро Мората, во 32 и во 65 минута, а еден Педрпо во 70 минута, а за Кристал Палас стрелец беше Андрос Таунсенд во 53 минута. Кристал Палас и по поразот остана на 14-то место со осум бодови.