Победи на Челзи и Вотфорд, реми на Арсенал и Лестер

112

Фудбалерите на Челзи и Вотфорд ги впишаа победите во првите натпревари од 34-то коло на англиското фудбалско првенство одиграни во вторникот, додека во дербито на колото Арсенал и Лестер Сити одиграа без победник.

По четирите последивателни победи Арсенал на стадионот „Емирејтс“ одигра 1:1 против Лестер Сити. Лондонските „Топчии“ поведоа во 21 минута со голот на Пјер-Емерик Обамејанг кому ова му беше 20-от погодок сезонава. Можеби клучниот момент на мечот се сличи во 75 минута, кога домшаните останаа со играч помалку, откако беше исклучебн Еди Нкетиа. Младиот 21-годишен нашаѓач мина само четири минути на теренот, влезе во 71 а веќе во 75 минута беше исклучен поради невнимателен старт. Судијата Крис Каванаг прво му покажа жолт картон, но по асистенцијата на ВАР-от ја промени одлуката. „Лисиците“ играчот повеќе го искористија десет минути подоцна израмнувајќи преку Џејми Варди, кому ова му беше 22-от погодок сезонава.

Арсенал остна на седмото место со 50 бодови, два повеќе од осмопласираниот градски ривал Тотенхем кој има меч помалку. Лестер, пак, сега падна на четвртото место со 59 бодови и ќе биде загрозен доколку Манчестер Јунајтед ова коло победи и би ја намалил разликата на само бод во трката за пласман во Лигата на шампионите.

Челзи на гостувањето го победи градскиот ривал Кристал Палас со 3:2, додека Вотфорд во дербито на дното беше подобар од Норич Сити со 2:1.

Челзи на „Селхарст Парк“ водеше со 2:0 и 3:1, но на крајот со тешки маки ги извлече бодовоите откако домаќкинот во судскотпо продолжение не реализираше два „зицера“ за 3:3. Челзи поведе со 2:0 со головите на Оливие Жиру во 6 и Кристијан Пулишич во 27 минута, а во 34 минута намали Вилфреед Заа. Тами Абрахам во 71 минута повторно на гостите им ја врати разликата од два гола, но веќе во следната минута Кристијан Бентеке намали на 2:3. Во самата завршница Кристал Палас имаше две колосални шанси за израмнување. Прво Скот Дан во четвртата минута од судиското продолжение ја затресе стативата, за 30-ина секунди подоцна Бентаке излезе сам пред Кепа, но Зума одлично го блокираше негповиот удар.

Челзи со петтата победа во шестиот натпревар дојде до 60 бодови и до третото место. Кристал Палас, пак, го доживеа четвртиот пораз во низа, и со 42 бодови падна на 14-то место.

Во другиот меч Вотфорд го победи фенерџијата Норич Сити со 2:1, освојувајќи важни бодови во борбата за прволигашкиот статус. Гостите поведоа преку Биенди во 4 минута, но Вотфорд направи пресврет со погодоците на Даусон во 10 и Велбек во 55, кој постигна особено убав гол со „ножички“ гаќајќи го самиот горен агол“.

Вотфорд сега е 17-ти со 31 бод, четири бодови повеќе од местата кои водат во втората лига на кои си Астон Вила и Борнмут кои имаат меч помалку, додека Норич по шестиот пораз во серија речиси е во безизлезна ситуација, последен е 20-ти со 21 бод.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.